ЗОШТО НА ТАРА СЕ ЧЕКА РЕД ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

tara biciklizam

Дали знаете дека на Тара има повеќе од 10 уредени видиковци? Размислете, можеби е време да направите уште некое „селфи“ од Бањска стена или да ги посетите и Сјенич, Ослуша, Соколарица...

Погледот на кањонот Дрина од Бањска стена и надморската височина од 1065 метри се толку популарни што посетителите се спремни да чекаат ред за да се сликаат. Проверете зошто за овој видиковец се вели дека не се знае кога е поубав, дали во зима кога е покриен со снег или во лето додека се чувствува мирисот на стогодишните борови. Нивните гранки секогаш „упаѓаат во кадар“.


Кој видиковец е најпопуларен?


Еден од новите видиковци недалеку од Перучац е Зеленика. Името го добил според стариот назив на реката Дрина заради нејзината смарагднозелена боја. Дојдете да видите зошто за овој видиковец се вели дека е најлесно достапен.

Дали знаете каде е снимен филмот „Птице које не полете“ со легендарниот Бата Живојиновиќ во главната улога? Наминете до Биљешка стена, каде што сѐ уште се наоѓа куќичката од филмот.

tara planina avantura

Во националниот парк Тара земете мапа на пешачки и велосипедски патеки. Изнајмете велосипед или појдете на прошетка и покрај видиковците, посетете го и манастирот кој датира од 13 век. Спуштете се до Бајина Башта и уверете се зошто популарната Куќичка на Дрина привлекува толку внимание.

kanjon tare