Суботица – Зачекори во убавина

subotica

Уживаш во импозантна архитектура, бајковит амбиент и фантастична храна?

Посети ја Суботица и задоволи ги сите сетила!

Најсеверниот град во Србија е скриен бисер со впечатлива архитектура и богата историја. На само 10 километри од унгарската граница, Суботица е задолжителна станица за сите кои се во потрага по врвна гастрономија, убавина и магија. Калдрмисаните улички на Суботица ќе те одведат во минатото, а зградите во стилот на сецесија и готика ќе те остават без здив. Благодарение на златниот период на Суботица, од средината на 19 до почетокот на 20 век, градот е полн со живописни, интригантни и уникатни градби. Градската куќа, симбол за големината и наследството на Суботица, и Палатата Рајхл со својата комбинација бои, обликот и мајсторските декорации, се неодминливи точки на градската мапа. Но, Суботица не е само збир од впечатливи згради. Душата на овој град е вкоренета во приказните на неговите жители. Суботица зрачи со мултикултурност, а секоја етничка група придонесува за духот на градот со својата традиција и обичаите. Разноликоста се гледа и во градските фестивали и настани што слават сѐ, од православниот Божиќ до Ханука. Во Суботица времето минува побавно и ти дава можност намира да го впиваш нејзиниот шарм и заводливост. Суботица е рај за гурмани, со кујна богата со влијанија и вкусови. Без разлика дали сакаш да пробаш традиционални српски јадења, како ќебапи и гибаници или нешто поегзотично, како унгарски гулаш или романско сармале, суботичката кулинарска понуда ќе го задоволи сечие непце. На само 8 km од Суботица се наоѓа Палиќ, најголемото природно езеро во Србија. Според легендата, Палиќ настанало од солзите на овчарот Павле кој го изгубил своето стадо. Според друга приказна, езерото е остаток од древното Панонско Море. Ова езеро со солена вода е познато по својата лековита кал, а делови од одморалиштето, како што се Големата тераса, Женската бања и Водената кула, по својот сецесионистички стил. И секако, не заборавај да ги пробаш вината!

Суботица – твоето магично бегство во светот на убавината и шармот.


Додека сте таму, дознајте каква врска имаат Олимпијадата и Суботица


 subotica palić

subotica sinagoga