ВОЗ КАКО НИЕДЕН ДРУГ ВО ЕВРОПА

sarganska osmica

Низ пределите на Мокра Гора и денес вози парна локомотива, прочуената „Ќира“, и влече стари вагони низ 22 тунели на брдото Шарган и преку пет моста. Тоа ја прави единствена во Европа. Се работи за пруга со тесен колосек која одамна не се користи во светот, а тука функционирала од 1925 до 1974 година и ги поврзувала Белград и Јадранско Море.

Дали знаете дека, според преданието, Митар Тарабиќ од познато креманско семејство предвидел дека возот нема да патува „за работа и потреби, туку за забава“? Пругата е повторно отворена во 2003 година заради туризам.

sarganska osmica

Тргнете на патување низ времето додека низ прозорот влегува мирис од чадот на локомотивата, а во вагонот се наоѓа мала печка да ги загрее патниците. Како да сте среде црно-бел филм!

Ако сакате да искусите како се возеле нашите баби и дедовци, ќе се сместите на дрвена клупа и ќе се чудите како возот воопшто може да помине низ толку мали тунели и да се искачи на 300 метари висинска разлика. Тоа го постигнува правејќи огромна осмица од својата траса т.е. поминува двапати низ истата точка.


Станица на којашто никогаш не е продадена ниедна карта


Бидејќи Шарганската осмица е многу популарна во текот на сезоната, најдобро е да си резервирате возење однапред. Качете се и дознајте на која станица никогаш не е продадена ниедна карта.

sarganska osmica