Дивчибаре е популарно излетничко место не само поради природната убавина, туку и затоа што е близу до Белград. Откако ќе поминете нешто повеќе од сто километри, сосема ќе ја промените атмосферата – од светот на бетонот и повеќекатниците ќе преминете во шуми и погледи на питоми брда.
Дознајте зошто кнез Милош Обреновиќ ја купил целата оваа висорамнина од својот турски побратим и зошто и самиот често доаѓал во овој крај. Еден од изворите на ладна планинска вода народот подоцна го нарекол Милошева чешма.
Додека шетате низ Маљена, сетете се дека баш овде поминувала границата помеѓу Австрија и Турција и дека овдешните планини биле познати под заедничкото име – Црна Гора.
На Дивчибаре се доаѓа за пешачење кое физички не е тешко, а во лето може да седнете на тревата да се одморите. Ако сакате планински велосипедизам, овдешните питоми брда ќе бидат вистинскиот избор. Дојдете да се уверите како со секои поминати сто метри, малку по малку се ослободувате од насобраниот стрес.
Тука ве очекуваат и занимливи приказни. Највисокиот врв Маљена името го добил по престојувалиштето на кнезот Лазар на ова место. Според преданието, тој дошол од Призрен и од тука ја набљудувал битката со Унгарците во рамнината. Подоцна, гласникот му јавил дека српската војска победила. Тоа место народот го нарекол „Краљев сто“.
Уживајте во погледот што го избрал самиот кнез!