Арсенал фест – од историја до светла и музика

arsenal fest

Арсенал фест е еден од ретките музички фестивали што се одржува во потполно автентичен амбиент, во единствениот воено-индустриски комплекс во Крагујевац. Фестивалот го добил името по просторот во којшто се одржува, Кнежев арсенал, што го прави препознатлив во Србија и во регионот.

Локацијата претставува комплекс работилници и хали од 19 век, а со светлосни ефекти и одлично озвучување добива изглед на мистична, модерна и индустриска зграда. Поради својата впечатливост, во последните неколку години Кнежев арсенал е популарна локација за снимање филмови и музички спотови, а сѐ почесто тука се доаѓа и за создавање идеални кадри за објави на друштвените мрежи.

Атрактивното опкружување и мистичната атмосфера на напуштениот фабрички комплекс се заслужни за тоа што Арсенал фест брзо стекна успех и углед и се наметна како еден од најинтересните фестивали во овој дел на Европа.


Арсенал фест 28 јуни – 1 јули 2023 г.


Фестивалот започна скромно, со една бина. Сега има три: главна – Main stage, бина во Заставина башта – Garden Stage и, според многумина, најинтересната бина – Explosive Stage, поставена за љубителите на електронска музика во зградата на старата чаурница, на местото каде што светнала првата електрична сијалица во Србија. Во рамките на Арсена фест се организира и простор за кампување во Големиот парк покрај градскиот стадион, каде што посетителите поставуваат шатори, се собираат и разменуваат впечатоци од концертот.

arsenal fest

Уште од самите почетоци манифестацијата успева да ги собере љубителите на рок и поп-музика и на модерните музички правци, но и оние кои ги интересира само дополнителната содржина, како филмски проекции, изложби, книжевни вечери... Поради важноста за културниот живот на Крагујевац, фестивалот е прогласен за манифестација од јавно значење.

Арсенал фест досега ги угости најпопуларните имиња од регионалната музичка сцена, а како што растеше така и публиката добиваше прилика да ужива во изведбите на светски познати бендови и диџеи. Посебно место во програмата имаат и млади, помалку познати бендови, кои тука доаѓаат токму за да ја докажат својата вредност.

Оваа година Арсенал фест ќе трае еден ден подолго и ќе угости најголем број домашни, регионални и светски уметници досега! Бидете и вие дел од масата што се ниша во добар ритам!

arsenal fest