Фестивалот Exit, еден од најпознатите музички фестивали во Европа, а веројатно и во светот, се одржува секоја година во јули во Нови Сад, привлекувајќи илјадници посетители.
Она што го прави единствен е неговата атмосфера. Собирајќи луѓе од различни возрасти и националности, создава уникатна мешавина на култури и јазици, додека импресивната тврдина на којашто се одржува, додава една посебна димензија на целото доживување.
На повеќе од 40 бини и зони сместени меѓу ѕидините на Петроварадинската тврдина, фестивалот EXIT секоја година, со својата врвна продукција, донесува настапи на изведувачи од различни музички жанрови, од електронска, рок, поп, хип-хоп, до world music звуци, како и различни уметнички перформанси, изложби и други културни настани што го надополнуваат целото доживување.
Покрај музичката програма, посетителите можат да уживаат во вкусна храна и пијалаци, како и во дружење со луѓе од различни делови на светот. Фестивалот нуди и можност за кампување во близина на тврдината, што претставува дополнително доживување и можност за запознавање нови луѓе.
Ако сакате да го доживеете уникатниот фестивал што комбинира музика, уметност, култура и дружење, фестивалот Exit е дефинитивно место што морате да го посетите. Тој претставува еден од најдобрите начини да се почувствува духот на Европа, додека истовремено се ужива со најдобрите светски музички ѕвезди.
Доживејте го фестивалот што доби бројни признанија, како World’s Top 5 Festivals, World’s Best Festival, One of Europe’s most popular music events, Top 3 Music Festivals, Best European Festival…