КОГА ЕЗЕРАТА СЕ „ВИСОКИ“ КАКО ПЛАНИНИ

zalatar jezero

Златар е планина во западна Србија која е позната не само по ридските пејзажи и борови шуми, туку и по езерата што се наоѓаат на повеќе од 800 метри надморска височина. Прошетајте низ едни од најубавите глетки во Србија и дознајте како реката Увац успеала да ги направи познатите меандри.

Видиковците на овие езера се достапни за сите, до некои може да испешачите, до други да стигнете со возило. Кога ќе стигнете над Радоињското езеро, пробајте уштипци со домашен кајмак во близина на видиковецот Вранешa.

zlatar jezera

На Златарското езеро може да се капете на плажа. Дознајте кога оваа вода со јака зелена боја е најтопла во лето, бидејќи поради надморската височина и опкружувањето е поладна од езерската вода во „нормални“ услови.

Поведете ги пријателите и спуштете се со зип-лајн. Доживејте да „лебдите“ над густите борови шуми. Тоа е тоа за што ќе зборувате кога ќе се вратите.


Пробајте пита од житарици што успеваат на повеќе од 1000 метри


Туристи од сите возрасти ги сакаат патеките на Златар, бидејќи благите наклони и сенките од боровите се многу попријатни од летната жештина на градскиот бетон. Снежните наноси во зима се прекрасна природна декорација, давајќи му на целиот амбиент нова атмосфера. Дозволете си летување на Златар или некој романтичен дочек на Нова година.

Задолжително пробајте ја и прочуената златарска пита од хељда (хељдопита или „елдовна“). Дали знаете дека хељдата расте само на места со надморска височина над 1000 метри? Овде успева одлично.

zlatar biciklizam avantura