Ниш – Боем кој знае да живее

Кога си на југ, биди јужњак!

 niš mediana bubanj

Познат како родното место на римскиот цар Константин Велики, Ниш е неодминлив археолошки, историски, културен и гастрономски бисер. Гостопримлив и весел, со својата богата историја и трогателни споменици, Ниш ќе те одведе низ неколку епохи во еден здив. Посетата може да ја започнеш во Медијана, доцноантичка населба на левата страна на реката Нишава, изградена за време на владеењето на Константин и неговите наследници. Уморни од градската бучава и пренаселеноста, богатите Римјани во 4 век се преселиле во ова луксузно предградие на Ниш во кое може да видиш остатоци од раскошни вили во перистил, две ранохристијански цркви и повеќе од 1000 квадратни метри подни мозаици.


Застрашувачката Ќеле Кула, изградена од човечки черепи, е единствена таква градба во светот


niška tvrdjava

На патот кон центарот на градот се наоѓа Ќеле Кула или кула од човечки черепи, единствениот споменик во светот изѕидан од черепите на српските војници по битката на Чегар. Кулата е изградена по наредба на тогашниот османлиски заповедник во градот за да го одврати локалното население од побуни против султанот. Прошетај и во импресивната нишка тврдина завршена во 18 век во чија внатрешност се наоѓа турска бања, џамија, лапидариум со римски надгробни споменици и магацин за барут. А сега, оживување! Казанџиското сокаче ќе те одведе во минатото и ќе те освежи со одлична гурманска понуда. Некогаш исполнета со ѕвонење на обрачи од буриња, џезви и казани со ракија, а сега со жуборот на многубројните посетители, оваа шарена улица ќе ти остави најдобар впечаток за пулсот на градот. Еден оброк ќе биде доволен да се заљубиш во нишката гастрономија, необичната мешавина на српски традиционални јадења и бројни источни влијанија. Без разлика дали сакаш месо или зеленчук, свежите состојки ќе го направат нивниот вкус неверојатен. По ќебапите или јадењето наречено „Тавче на гравче“, време е да нурнеш во нишкиот ноќен живот. Како и сите јужњаци, нишлии се топли и гостопримливи луѓе со боемски дух и уживаат во песни и добра забава. Од традиционалните кафеани со жива музика, до модерни барови и клубови, Ниш нуди по нешто за сечиј вкус.

Се гледаме во Ниш!

niš grad nisville jazz