ИСКУСИ ГО СЕЛСКИОТ ТУРИЗАМ

Доколку сакате градската бучава да ја замените со птичји пој, наместо аларм наутро да ве буди петел, а свежината на селскиот амбиент да ве окрепува и да ви дава снага за новите обврски, вашиот избор треба да биде некое од бројните селски домаќинства во Србија.

vinograd

Гостопримливоста на домаќинките и домаќините се подразбира, но има и фини разлики во зависност дали сте избрале село во Војводина, Шумадија или, пак, некое село на југот на Србија. На север ќе ве воодушеват салашите, познати по богатата трпеза, но и по лесното уживање во храната. Во Шумадија и во долините крај реката Морава ќе одморате на одржувани имоти во традиционални моравски куќи. Во краевите на Србија богати со лозја, има многу домаќинства коишто имаат свои винарски визби со кои се гордеат. Во планинските предели може да се одморате во топли дрвени куќички или вајати. Денес, во многу села, може да наидете на вистински мали туристички комплекси со базени и сите модерни удобности, но со автентична гостопримливост на домаќините.

konji

Во Србија, храната се смета за доживување, без разлика дали уживате во кулинарските креации на познатите ресторани или ги истражувате специјалитетите подготвени по стари семејни рецепти што се пренесуваат од генерација на генерација.

Јазикот на храната лесно се учи, а долго останува во памтење. За трпеза полна со добри вкусови, сите се разбираме.

zlatibor

Србија, доживејте ги гостопримливоста и богатството на вкусови.