Доживеј авантура

Со дарот на природата сместена на место каде што пространи рамнини се среќаваат со шумовити планини, питоми реки со остри брзаци, величествени клисури со сликовити долини, Србија ве повикува да ја истражите. Најдобро низ авантура.

biciklizam avantura


Искористете ја можноста да уживате во лесна прошетка по падини или да се предизвикате себеси на потешко искачување на некој од планинските врвови. Сигурно ќе бидете задоволни од наградата бидејќи пред вас ќе се појават неверојатни пејзажи.
Ако сакате предизвик и повеќе адреналин, брзите реки во Србија што течат низ стрмни кањони се идеални за истражување – впуштете се во кањонинг и истражете ги своите граници.
Разновидните пештери, јами и кањони во Србија се предизвик на кој тешко ќе може да му одолее секој вистински авантурист. Овие природни формации се порти во единствениот подземен свет преполн со возбуда, забава и можности да научите нешто ново.

kanjon
Завршете го своето патување со спуштање со велосипед низ планините или со поглед на пејзажот од птичја перспектива – со летање со параглајдер од врвот до бујните ливади долу во долината.
А додека уживате во природата, ќе имате можност повеќе да дознаете за разновидната дивина на Србија. За автохтониот растителен свет или за животните што избрале да живеат токму тука.

avantura planina

Авантурата ве чека. Доживејте ја.